Оглас за нов директор на Фондот за здравство до 15-ти март

28.02.2015 17:56

Со отворена и транспарентна постапка од владата велат дека ги мотивираат најспособните квалитетни кандидати да се пријават и да се стекнат со можноста да бидат избрани...

Владата распиша јавен повик за избор на прв човек во Фондот за здравство. Сите заинтересирани кандидати треба да имаат менаџерски способности и лидерски вештини, способност за тимска работа. Минимум пет години работно искуство во областа на финансиите, менаџментот или од областа на здравствената заштита и осигурување. Со отворена и транспарентна постапка од владата велат дека ги мотивираат најспособните квалитетни кандидати да се пријават и да се стекнат со можноста да бидат избрани.

„Во огласот се вметнати сите критериуми и услови кои што се резултат на дел на законските измени кои што се донесени пред една година а стапуваат на сила на 12-ти март оваа година, во поглед на искуството кое што треба да се поседува, во поглед на други знаења и вештини кои што следниот директор на ФЗОМ треба да ги има за да ја извршува оваа одговорна позиција“, изјави портпаролот на Владата, Александар Ѓоргиев.

Сите кандидати кои на јавниот повик можат да се пријават најдоцна до 15-ти март имаат еднакви шанси да бидат именувани.  До изборот на новиот директор, функцијата в.д  директор ќе ја извршува Кристина Христова, која што доаѓа од позицијата прв човек на Секторот за фармација во Фондот. Претходно владата за в.д директор го именуваше Орхан Рамадани. И двајцата имаат еднакви овластувања, права и одговорности во извршувањето на функцијата.  

 

Андријана Атанасовска