Случај „Пуч“: Верушевски комуницирале со шифри
Полициските експерти успеале да ги дешифираат кодовите со кои меѓусебно комуницирало семејството Верушевски. Секоја бројка заменувала буква во пораките што ги испраќале по телефон. Детелите откриваат виситински шпионски трилер...

Семејна комуникација со шифри. Семејството Верушевски комуницирало со бројки место со букви кога пишувале смс пораки. Како била разбиена шпиунската комуникација на семејството, на првиот разузннавач и првоосомничен во случајот „ПУЧ“, откриваат за МТВ извори од истаргата. Комуникацијата била кодирана , сите пораки меѓу себе си ги упатувале со шифри. Клучот на шифрите го имале само тие. Откако ваквата мистериозна и нејасна комуникација била откриена во текот на истрагата , на декодирањето работел експертски тим од МВР по што шифрите се откриени . вавкиот начин на комуникација покажува големо искуство со шпионажа на семејството Верушевски.
КЛУЧОТ НА ШИФРИТЕ:
А-7 Б-4 В-20 Г-50 Д-9 Е-24 З-51 И-22 Ј-17 К-33 Л-12 М-21 Н-27.......
Меѓу секоја бројка било оставано простор(спејс) , а каде што завршува зборот ставале нула.(0)
Еве дел од многуте пораки кои прку шифри си ги параќале:
44,7,44,33,5,21,22 0 24 0 18, 39, 3,24,8 0 22 0 50, 5 0 3, 5,8,7,13,7 0 18, 12............
„Татко ми е супер и го порача следново јас да почнам со бизнисот со Зајко и бомбата нека грми значи пренеси му чекорите да си ги тера по планот без пазарење со никого...“
Пораките го откриваат и договорот на осомничените во случајот „Пуч“.
8,24,13,24 0 27,22,24 0 9,7, 0 18,21,24 0 5,4, 24, 51, 4,24........
„Рече ние да сме обезбедени со све и максимално договорот со Зајко знаес и ти како бесе договорено тоа значи јас ќе возам нова кола ха,ха, ха ...“
4,22 0 33,7,33,5 0 18,22 0 22, 33, 7,33,5 0 44,22,24 0 44,7,21,5 0 ...
„Ти како си и како ти е таму и кази му на Зајко компјутер ми фалит.“
50,5,8,7,27 0 24,18,39,3,24,8 0 44,24,3,5,51,9,8,7,20,22 0 ...
„Горан е супер те поздрави се разочарав од несериозноста на Зајко...“
Дури и за најсериозни работи комуницирале до шифри.
39,18,44,24, 0 24,9,24,27 0 7,9,20,5,33,7,44...
„Уште еден адвокат ... али и десет се дзабе без револуција дзабе е све...“
Пораките се само еден дел нод доказите кои ја потврдуваат поврзаноста на семејството Верушевски со осонмичените во случајот „Пуч“.
Наташа Гркова- Петрушевска
