Русија- опасност за Велика Британија

28.02.2015 20:15

Ми-6 предупреди дека Русија станала опасност за Велика Британија и побара поголем буџет за сопствената и одбраната на британските сојузници...

Поранешниот шеф на Ми-6, британската разузнавачка служба Џон Сојерс, предупреди дека Русија станала опасност за Велика Британија и побара поголем буџет за сопствената и одбраната на британските сојузници, но апелираше проблемите со Русија да се решаваат со дијалог.

Во меѓувреме, во Донбас почна нова фаза на повлекување на оружјето. Самопрогласената проруска власт обвинува за еднострана активност.

„Во согласност со договорот за истовремено повлекување на двете страни, уште немаме докази дека украинската војска ја повлекува тешката артилерија од фронтот“, изјави Едуард Басурин, портпарол на ДНР.