Познати првите детали за убиството на Немцов
01.03.2015 12:08
Претставник на истражниот комитет рече дека нема сомненија оти тоа злосторство било добро испланирано. Истрагата утврдила дека Борис Немцов одел со својата партнерка во стан, што се наоѓал во близина на местото на убиството...

Истражниот комитет ги изнесе денеска првите верзии за убиството на рускиот опозиционер Борис Немцов, кои одат од криминал до политичка провокација, со тоа што тој чин бил добро испланиран.
Претставник на истражниот комитет рече дека нема сомненија оти тоа злосторство било добро испланирано. Истрагата утврдила дека Борис Немцов одел со својата партнерка во стан, што се наоѓал во близина на местото на убиството.
Прелиминарните резултати покажале дека политичарот е убиен од пиштол „Макаров“. Стручњаците пронашле шест рамки муниција со калибар девет милиметри на местото на убиството.
Истрагата е насочена кон испитување сведоци и проучување на разговорите преку мобилен во областа на местото на нападот, и снимка со видео камера на обезбедувањето.
