Шпионски афери го тресат светот: Ниту моќните држави не се имуни!
Се уште е свеж примерот со аферата „Сноуден“. Едвард Сноуден како екс разузнавач во ЦИА, предизвика контраверзи во јавноста со објавувањето документи за постоење голем број тајни проекти за надгледување и следење на комуникациите. Со нив Сноуден тврдеше дека САД спровеле хакерски напади врз компјутери ширум светот...

Со користење на домашните инсталации и логистики, разузнавачките служби во туѓи земји не ретко се решаваат на прислушување. Не се имуни ниту моќните држави. Норвешка, САД, Русија, Германија, Велика Британија, а најсвеж пример за тоа е и Грција.
Лани во декември во Норвешка беше актуелен случајот со откривањето на работата на агентурна мрежа чија цел било прислушкување на политичкиот и општествениот естаблишмент.
Државните институции во Осло се сместени во периметар од еден километар, канцеларијата на Премиерот, Министерството за одбрана, Централната банка, пратениците, бизнис секторот, нафтениот трезор во вредност од 6 билиони норвешки круни.
Токму во овој простор биле инсталирани тајни трансмитери кои наликуваат и служат како мобилни базни станици и кои може да ги прислушкуваат сите активности и разговори преку мобилен телефон.
6 базни станици биле управувани од неколку згради во Осло. Норвешките медиуми пишуваа дека ваквата напредна технолошка опрема е многу скапа и не може легално да се продаде на приватен субјект.
Таа може да се користи единствено од разузнавачка служба. И во Грција беше обелоденет сличен случај. Минатата недела траги од прислушкување беа лоцирани во областа каде се наоѓаат седиштата на Сириза и Неа Демократија.
Мобилните телефони биле под надзор на лажни базни станици. Шемата иста како и во Норвешка. Експертите велат дека само организации со силни ресурни можат да ангажираат вакви лица и опрема.
Се уште е свеж примерот со аферата „Сноуден“. Едвард Сноуден како екс разузнавач во ЦИА, предизвика контраверзи во јавноста со објавувањето документи за постоење голем број тајни проекти за надгледување и следење на комуникациите. Со нив Сноуден тврдеше дека САД спровеле хакерски напади врз компјутери ширум светот, па дури и дека го прислушкувале и мобилниот телефон на германската канцеларка Меркел повеќе од 10 години. По скандалот, Германија протера службеник на ЦИА од нивната земја.
Од аферата со прислушувањето не беше заобиколена ниту Русија. Минатиот ноември протера неколку полски и германски шпиони со обвинение за разузнавачка дејност.
Андријана Атанасовска
