Северна Кореја испалила две ракети со краток дострел
Проектилите паднале во морето на растојание од 490 км источно од брегот на Корејскиот полуостров, објави јужнокорејското Министерство за одбрана...

Северна Кореја испалила две ракети со краток дострел, објавила јужно корејската војска. Се верува дека со ваков потег Пјонгјанг изразува протест против јужнокорејсо-американските вежби кои треба да бидат изведени денеска.
Проектилите паднале во морето на растојание од 490 км источно од брегот на Корејскиот полуостров, објави јужнокорејското Министерство за одбрана.
Нагласуваат дека Пјонгјанг не упатил предупредување за забрана за пловидба, па според тоа може да се смета дека овој чин е тешка провокација.
Портпаролот на јужнокорејското министерство за одбрана, Ким Мин-сеок изјавил дека доколку Северна Кореја продолжи со вакви провокации, нивната војска ќе реагира решително и дека Северна Кореја горко ќе зажали.
