Формула 1

Алонсо гледач во Австралија

03.03.2015 13:50

Според информацијата, иако Алонсо нема повреди по инцидентот на тестирањата во Барселона по совет на тимските лекари шпанецот нема да ризикува и својот болид МП4-30 ќе му го препушти на резервниот возач во екипата Кевин Магнусен...

На 10 дена до официјалниот старт на новата Ф1 сезона, официјално од екипата на Мекларен стигна потврдата дека Фернандо Алонсо нема да настапи на првата трка во во новиот шампионат на патеката во Мелбурн парк.

Според информацијата, иако Алонсо нема повреди по инцидентот на тестирањата во Барселона по совет на тимските лекари шпанецот нема да ризикува и својот болид МП4-30 ќе му го препушти на резервниот возач во екипата Кевин Магнусен.

Препораката на лекарите е од превентивен карактер за да се избегнат евентуални влошувања на состојбата по малиот потрес на мозокот што Алонсо го доби откако при голема брзина заврши во заштитната ограда на патеката во Барселона.