Авион на соларен погон тргна на пат околу светот
09.03.2015 11:55
Во историјата ќе се запишат двајца пилоти што ќе управуваат наизменично, Швајцарците Андре Боршберг и Бертран Пикар...

Авионот соларен импулс два полета од Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати на историско патешествие и ќе биде првото летало на соларен погон што ќе ја обиколи Земјата. Во историјата ќе се запишат двајца пилоти што ќе управуваат наизменично, Швајцарците Андре Боршберг и Бертран Пикар.
„Двајцата сме возбудени, но мораме и да се концентрираме. Едноставно сме среќни“, вели Андре Боршберг, пилот.
Во наредните пет месеци Соларен импулс ќе лета континент преку континент, надлетувајќи ги Тихиот и Атлантскиот Океан. Патем ќе застанува на повеќе локации за одмор и за поправки, но и за да ја шири идејата за чиста технологија.
