Спилберг и Хенкс повторно работат заедно
09.03.2015 15:20
Филмот е во подготовки веќе некое време, но дури сега доби официјално име...

Славниот филмски тандем Стивен Спилберг и Том Ханкс, заслужен за филмовите како „Спасување на војникот Рајан“ и „Терминал“, повторно работат заедно на шпиунскиот трилер „Bridge Of Spies“.
Филмот е во подготовки веќе некое време, но дури сега доби официјално име.
Приказната е сместена за време на Студената војна и го следи американскиот адвокат кој од рацете на КГБ се обидува да спаси пилот, чиј авион бил соборен над СССР.
Во другите улоги се појавуваат Марк Руланс, Ејми Рајан, Алан Алда, Били Магнусен, режијата е на Спилберг, а премиерата се очекува во ноември.