Слетале на Земјата по 167 дена во космосот

12.03.2015 13:30

Капсулата во којашто биле: космонаутот на НАСА Бери Вајлмор, руските космонаути Александар Самокутјаев и Елена Серова се спуштила на снежна степа во средиштето на Казахстан...

Тројца космонаути успешно слетале на Земјата по 167 дена поминати на Меѓународната космичка станица.

Капсулата во којашто биле: космонаутот на НАСА Бери Вајлмор, руските космонаути Александар Самокутјаев и Елена Серова се спуштила на снежна степа во средиштето на Казахстан, непосредно по разденувањето.

Серова стана првата Русинка којашто служела во Меѓународна космичка станица, проект вреден 100 милијарди долари што го финансираат 15 земји.