Германската левица ја критикува Меркел
Шефот на пратеничката група на опозициската левица, Грегор Гизи вели дека жали што доживеал вакво „тесноградо заборавање на историјата“, пренесува Танјуг...

Германските левичари ја осудуваат одлуката на Ангела Меркел да не присуствува на свечената парада на денот на победата 9-ти Мај во Москва. Сметаат дека германската канцеларка со тоа одбегнува да оддаде нужна и полна почит за 65-те милиони жртви во Втората светска војна.
Шефот на пратеничката група на опозициската левица, Грегор Гизи вели дека жали што доживеал вакво „тесноградо заборавање на историјата“, пренесува Танјуг.
Гизи потсети дека во Втората светска војна животот го загубија 27 милиони граѓани на Советскиот Сојуз, 6 милиони Германци во војната што ја предизвика Германија или вкупно 65 милиони луѓе од целиот свет и дека тие заслужуваат да им се оддаде почит.
Одлука на Меркел да не присуствува на свеченоста ја поддржале нејзините Демохристијани како и коалиционите партнери, Социјалдемократите. Таа наредниот ден заедно со Путин ќе го посети Споменикот на незнајниот јунак.
