Кремљ: Путин не е болен

12.03.2015 13:39

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Пеков за радио-станицата „Ехото на Москва“ изјавил дека Путин е апсолутно здрав и дека неговиот стисок на раката е толку силен што може да ви ја скрши вашата рака...

Москва ги одбегнува гласините дека рускиот претседател Владимир Путин е болен. Тие се појавија по одложувањето на неговата посета на Казахстан.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Пеков за радио-станицата „Ехото на Москва“ изјавил дека Путин е апсолутно здрав и дека неговиот стисок на раката е толку силен што може да ви ја скрши вашата рака, пренесува Танјуг.

Кремљ останува мирен на различните гласини за  здравствената состојба на Путин, а Песков шеговито порачува дека оние што ги шират можеби ги фатила „пролетната грозница“. Рускиот, белорускиот и казахстанскиот лидер решиле заеднички  да го одложат состанокот за неколку дена во главниот град на Казахстан Астана.

Путин не е виден во јавноста од телевизиското обраќањето на челниците на Министерството за внатрешни работи на 5 март.