Доминаторот продолжува да доминира
14.03.2015 10:09
Ништо ново и за Мерцедес, 1-2 старт на утрешната трка за ГН на Австралија, но делумно e контроверзен податокот што Нико Розберг доцни цели 6 десетинки зад тимскиот колега...

Луис Хамилтон ја потсети конкуренцијата кој е светски шампион и на стартот на новата сезона, извозе маестрални квалификации на Алберт Пaрк во Мелбурн, за 39-та пол позиција во неговата кариера.
Ништо ново и за Мерцедес, 1-2 старт на утрешната трка за ГН на Австралија, но делумно e контроверзен податокот што Нико Розберг доцни цели 6 десетинки зад тимскиот колега.
На првите 10 места на гридот, ќе се појават и Фелипе Маса со Вилијамс, Фетел и Раиконен со Ферари, пред Ботас, Рикиардо, Саинц, Грожан и Малдонадо.
Катастрофални квалификации извозе двоецот на Мекларен, Батон и Магнусен испаднаа уште во првата сезија и ќе стартуваат последни. На првото Гран При во 66-та сезона, нема да ги гледаме двете возила на Мејнор Марусија.
Трката е во 6 часот, во живо на МТВ.