Поддршка од банките за жените- претприемачи

16.03.2015 12:49

Само со работа, љубов кон професијата и огромна поддршка од семејството може за кратко време да се постигне успех, велат жените претприемачки. Наскоро, на фирмите од Македонија водени од жени менаџери ќе им бидат достапни кредит ипреку Европската банка за обнова и развој, со цел унапредување на женското претприемништво...

Љубовта кон работата,постојаните заложби и усовршување придонеле фирмата на Цветанка Крстевска з амногу кратко време да прересне од микро до мало претпријатие со 20-тина вработени. Сопстевничката не пречека со насмевка и тон обврски кои се обидуваше да ги балансира и со вработените и со фирмата за која извезува, и со членовите на семејството.

И покрај тоа што во Македонија е мал бројот  на жени претприемачи, сепак  постои голем интерес кај жените за започнување на сопствен бизнис. Вработените кои пак работат во фирми водени од жени, велат дека тие како лидери се поорганизирани и пофлексибилни.

Фирми во Македонија водени од жени менаџери од наредниот месец ќе имаат на располагање финансиски средства од околу три милиони евра преку програмата на Европската банказ а обнова и развој за Западен Балкан. Македонија нема точен број за жени-претприемачи, но, според неофицијалните статистики тој изнесува од 2.700 до 3.000 жени.

 

Габриела Димковиќ