Доларот речиси се изедначи со еврото

16.03.2015 13:02

Аналитичарите велат дека ова е најголем скок на вредноста на американската валута од почетокот на 2003-та...

Американската валута го собори 12 години стариот рекорд во однос на еврото достигнувајќи курс од само 1,04 долари за евро. Аналитичарите велат дека ова е најголем скок на вредноста на американската валута од почетокот на 2003-та.

Доколку продолжи овој тренд на јакнење се очекува многу брзо доларот да се изедначи со еврото.

Опаѓа вредноста и на британската фунта, која достигна најниска вредност во однос на доларот во последниве 5 години.