Почна 12 месечната обука на новите кандидати за полициски службеници
Селекцијата на идните полициски службеници е заснована врз принципите на стручност и компетентност. Обуката на кандидатите, на која денеска присуствува министерката Гордана Јанкулоска, ќе се одвива во три фази...

400-те кандидати кои ги минаа прелиминарните проверки почнаа со обука во центарот Идризово. Интересот на кандидатите и овојпат е на завидно ниво, што отвора можност за избор на најквалитетните.
Селекцијата на идните полициски службеници е заснована врз принципите на стручност и компетентност. Обуката на кандидатите, на која денеска присуствува министерката Гордана Јанкулоска, ќе се одвива во три фази.
Кога кандидатите ќе ја завршат основната обука за полицаец, ќе бидат оспособени за вршење полициски работи. Ние веќе го имплементиравме менторскиот систем, што значи дека секој кандидат има свој ментор кој ќе го води и ќе му помага во совладувањето на наставните содржини, рече министерката за внатрешни работи Јанкулоска.
Таа потенцира дека само најдобрите ќе вклучат договори за вработување на неопределено време.
