Подготовки за проектот за набавка на таблет уреди

16.03.2015 14:00

Се надеваме дека оваа мерка ќе предизвика позитивни ефекти и кај студентите и кај приватниот сектор и со тоа ќе има пораст на економијата, изјави министерост за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски...

Почнаа подготовките за спроведувањето на проектот бесплатен таблет и тастатура за студентите од трета и четврта година, како и бесплатни 300 илјади таблети за учениците.

Се надеваме дека оваа мерка ќе предизвика позитивни ефекти и кај студентите и кај приватниот сектор и со тоа ќе има пораст на економијата, изјави министерост за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, пред денешната средба со претставниците од МАСИТ, на која заедно со заменик министерката Марта Арсовска - Томовска ги претставија плановите за развој на ИКТ секторот во земјата.

На средбата се разговарало за проектот за 300 илјади таблети кои ќе бидат наменети за училиштата и за тоа како домашните ИКТ компании да се вклучат во креирањето на новиот еко систем со таа опрема.