Оглас: Доктори по општа медицина на специјализација во Белград

16.03.2015 14:21

Огласот ќе биде објавен утре. На него можат да аплицираат доктори по општа медицина вработени во јавното здравство...

Десет лекари од земјава ќе заминат на специјализација во Клиничкиот центар во Белград. Фокусот ќе биде во четири области- гинекологија, офталмологија, васкуларна хирургија и анестезија.

Огласот ќе биде објавен утре. На него можат да аплицираат доктори по општа медицина вработени во јавното здравство. 

Идејата е барем по една од специјализациите кои ќе бидат доделени да бидат во рамки на овие области, но не ограничувајќи се на бројот, може во некоја од овие области двајца или тројца специјализанти да бидат упатени на специјалности. По завршување на рокот за пријавување, стручна комисија ќе изврши селекција на пристигнатите апликации, врз основа на што ќе бидат избрани кандидатите кои ќе се упатат на специјализација во Клинички центар Белград, изјави министерот за здравство Никола Тодоров.

Во рамки на проектот, потенцира ресорниот министер, за сите кои ги испраќаме на специјализација во странство Министерството за здравство ги покрива средствата за специјализација, сместување и пат во земјата во која се упатени, а за тоа време и натаму ќе земаат плата од ЈЗУ во која се вработени.