Подмладување на полицијата: 440 кандидати на обука за полициски службеници

16.03.2015 14:54

Кандидатите ќе имаат свој ментор кој ги води низ тренингот кој опфаќа 9 месеци теорија плус 3 месеци практична работа...

440 кандидати почнаа со основната полициска обука. 12 месеци ќе го учат законот и овластувањата, заштита на живот и имот, како и сообраќајните прописи. Кандидатите ќе имаат свој ментор кој ги води низ тренингот кој опфаќа 9 месеци теорија плус 3 месеци практична работа.

„На крајот на завршување на анкетата, согласно афинитетите на кандидатите, но и нивните индивидуални преформанси, се прави проценка, дали некој од кандидатите има афинитет кон одредена специфична проблематика, вклучително и проблематиката која е предмет на работа на специјалните единици во МВР. Потоа се врши нивнон распоредување како полицаец- приправник, во соодветната организациона единица“, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

400 од кандидатите ќе потпишат договор за работа на неопределено време, а ќе бидат ангажирани во Скопје. Иако ризична, интересот за оваа професија беше на завидно ниво. Речиси 3.300 заинтересирани се пријавија на огласот за вработување.

Подмаладувањето на полицијата е тековен процес, претходно беа вработени 700 полицајци.

 

Анита Димитријевска