Таблет компјутери за студенти од семејства со ниски примања

16.03.2015 16:34

До крајот на годинава основците ќе добијат таблет-компјутери. Такви уреди се планираат и за студентите од трета и четврта година кои потекнуваат од семејства со вкупен приход помал од просечната нето плата. Се очекува бизнисмените од овој сектор да се вклучат во креирањето на новиот систем...

Први ќе добијат таблети оние училишта каде што нема компјутери, а потоа постепено ќе се заменуваат и другите места.

„300-та илјади таблети ќе бидат за сите училишта во Република Македонија, а во однос на мерката за таблетите кои ќе бидат за студентите во трета и четврта година, ќе бидат до крајот на оваа година“, изјави министерост за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.

На средбата со преставниците на стопанската комора за информатички и комуникациски технологии, се разговараше и за проектот за 300 илјади таблети кои ќе бидат наменети за училиштата, како и за вклучувањето на домашните икт компании во креирањето на новиот еко систем со таква опрема.

„На тој начин ќе овозможиме македонскиот кадар да остане во државата и да работи на престижни проекти“, изјави претседателот на Управниот одбор на МАСИТ, Срѓан Михајловски.

Министерот за информатичко општество, Ивановски рече дека проектот што го најави премиерот на вчерашната трибина, целосно ќе биде заокружен до крајот на годинава.

 

Катерина Топалова