Се поедноставува полагањето на државната матура

16.03.2015 17:18

д оваа учебна година, есејот и тестот по интерниот предмет, матурантите ќе го полагаат писмено, а прашањата од екстерните, електронски. Со поделба на тестот во два дена, учениците ќе можат да постигнат подобар резултат...

Полагањето на државната матура повеќе нема да трае 4 часа. Ќе се подели во два  дела и ќе се изведува писмено и електронски. Од оваа учебна година, есејот и тестот по интерниот предмет, матурантите ќе го полагаат писмено, а прашањата од екстерните, електронски. Со поделба на тестот во два дена, учениците ќе можат да постигнат подобар резултат.

Воведувањето на математиката како задолжителен предмет во матурата, за деканот на ФЕИТ, Миле Станковски, е оправдан потег зашто смета дека овој предмет е основа на сите науки.

„За да се биде добар инженер, мора да се познаваат многу работи, и тие што знаат математика многу поедноставно ќе се движат во текот на своето работење. Кога ќе отидат во компаниите, многу поедностатно ќе ги решаваат работите“, вели деканот Станковски.

Концептот со математиката го применуваат Австрија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Полска, Словенија како значаен за младите кои се определуваат за техничките струки. Англија поставила цел - државата да биде најдобра во Европа и меѓу петте први во светот. Заменик-министерот за образование, Спиро Ристовски изјави дека нема потреба учениците да бидат загрижени затоа што материјата која ќе биде дел од државната матура по овој предмет, ќе биде на основно ниво. 

Интересот и резултатите по овој предмет во некои од изминатите години не биле на посакуваното ниво, но тоа, според наставниците, не значи дека треба има повлекување пред проблемот, туку да се одговори на предизвикот.

Викторија Тодоровска