Париз ги блокира сајтовите што го поддржуваат тероризмот

17.03.2015 13:48

Четири од петте згаснати сајтови сепак и натаму се достапни на интернет, наведува агенцијата АП. Официјалните претставници на Министерството за внатрешни работи признале дека нивните напори за блокирање стотина сајтови ...

Француските власти почнаа да применуваат мерки за гасење на сајтовите што го величат тероризмот спроведувајќи го новиот Закон за антитероризам. Веќе се блокирани 5 сајтови, соопштуваат од француското Министерство за внатрешни работи, пренесува Танјуг.

Четири од петте згаснати сајтови сепак и натаму се достапни на интернет, наведува агенцијата АП. Официјалните претставници на Министерството за внатрешни работи признале дека нивните напори за блокирање стотина сајтови кои промовираат тероризам со видеоснимки, соопштенија и изјави не се целосно успешни.

Кога некој сајт е блокиран на екранот, наместо содржината, треба да стои црвена дланка со порака дека корисникот се пренасочува затоа што оригиналната содржина на страницата поддржува тероризам. Досега ниту на еден од блокираните сајтови не се појавува црвена дланка.