ИДИЛ киднапираше 20 медицински работници, меѓу нив и српски дрќавјани

17.03.2015 14:33

Нападот го извршила група од 30 џихадисти, додека медицинскиот персонал чекал автобус, кој требал да ги однесе во Триполи поради влошување на безбедносната состојба...

Екстремистите од Исламска држава киднапирале 20 медицински работници од болница во градот Сирт во Либија. Меѓу заробените има и српски државјани.

Нападот го извршила група од 30 џихадисти, додека медицинскиот персонал чекал автобус, кој требал да ги однесе во Триполи поради влошување на безбедносната состојба.

Во Ирак, џихадистите им ги отсекоа главите на четворица ирачки војници.