Потпишан Договор за социјално осигурување меѓу Македонија и Албанија
Договорот, кој денеска го потпишаа министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и министерот за социјална сигурност и млади, Ерион Велиај, содржи одредби за права од пензиско и инвалидско осигурување, здравствено осигурување, осигурување во случај на повреда на работа и професионална болест...

Македонија и Албанија со договор за социјално осигурување, усогласувајќи ги националните законодавства, ќе овозможат еднаков третман и здравствена заштита за осигурениците.
Договорот, кој денеска го потпишаа министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и министерот за социјална сигурност и млади, Ерион Велиај, содржи одредби за права од пензиско и инвалидско осигурување, здравствено осигурување, осигурување во случај на повреда на работа и професионална болест.
Ќе се овозможи усогласување на националните законодавства, еднаков третман на лицата на кои се применува договорот, здравствена заштита, болест и мајчинство, упатување на лекување, собирање на периодите на осигурување, парични давања... Договорот ќе се применува за сите лица кои во Македонија или Албанија навршиле периоди на осигурување за остварување на право на самостојна старосна пензија кога лицето ги исполнува условите за право на давање пензија според законодавството на една од двете држави, појасни министерот Спасов.
