Коцијанчич: Парламентарна група за „Пуч“ до крајот на овој месец
17.03.2015 15:10
Портпаролката на Комисијата, Маја Коцијанчич, потврди дека политичките групи во Европскиот парламент, до крајот на овој месец, ќе формираат група која ќе има цел да дојде во Македонија...

Европската комисија ја примила поканата на македонскиот Јавен обвинител за испраќање меѓународни набљудувачи за судскиот случај „Пуч“.
Портпаролката на Комисијата, Маја Коцијанчич, потврди дека политичките групи во Европскиот парламент, до крајот на овој месец, ќе формираат група која ќе има цел да дојде во Македонија и да се обиде да ги помири најголемите политички партии во земјата.
