Двајца загинати во престрелка во Гетеборг

19.03.2015 14:23

Според властите, нема знаци кои укажуваат на тероризам, и се уште е рано да се претпоставува мотивот за насилството...

Најмалку две лица загинале, а осуммина се ранети доцна синоќа кога двајца вооружени мажи отвориле оган во ресторан во шведскиот град Гетеборг.

Полицијата не објавила дали има осомничени, иако неколкумина се приведени поради испитување. Според првичните информации, се работи за членови на криминални групи.

Според властите, нема знаци кои укажуваат на тероризам, и се уште е рано да се претпоставува мотивот за насилството.

За потсетување, на 30 јануари еден маж беше ранет во престрелка на плоштадот пред истиот ресторан, но не се знае дали двата инцидента се поврзани.