Убиен лидерот на милитантната група Ал Шабаб
19.03.2015 14:26
Тој бил убиен во текот на нападот извршен во близина на градот Динсор во Јужна Сомалија, на околу 240 километри од главниот град Могадишу...

Американското министерство за одбрана потврди дека е убиен лидерот на милитантната исламистичка група Ал Шабаб, Адан Герар.
Тој бил убиен во текот на нападот извршен во близина на градот Динсор во Јужна Сомалија, на околу 240 километри од главниот град Могадишу.
Герар беше еден од главните осомничени за терористичкиот напад врз трговскиот центар „Вест гејт“ во кенискиот главен град Најроби, во кој беа убиени 67 лица.
