Ципрас оптимист по синоќешните разговори со лидерите на ЕУ

20.03.2015 11:17

Сите страни ќе помогнат во решавањето на проблемот, додаде Ципрас...

Сега сум поголем оптимист и мислам дека сите страни ја потврдија желбата да го дадат својот максимум за надминување на должничката криза, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас по тричасовните разговори  со лидерите на Германија, Франција и на Европската унија во Брисел.

Сите страни ќе помогнат во решавањето на проблемот, додаде Ципрас. Грција доби четиримесечно продолжување на отплатата на кредитите, Брисел и порачува на Атина да не губи време туку да продолжи со реформите.