Формула 1

Триумфален кам-бек на Ферари

29.03.2015 15:39

Победа на Фетел, победа за Ферари. Звучи чудно, но е вистинито. Со рекордниот 7-ми триумф во Малезија, Италијанците се радуваат прв пат по шпанското Гран При 2013-та, а Фетел е исто така рекордер на Сепанг, со 4 победи.

Победа на Фетел, победа за Ферари. Звучи чудно, но е вистинито. Со рекордниот 7-ми триумф во Малезија, Италијанците се радуваат прв пат по шпанското Гран При 2013-та, а Фетел е исто така рекордер на Сепанг, со 4 победи.
 
Од натпреварувачки аспект, за триумфот во Куала Лумпур пресуди тимската стратегија на италијанската екипа и беспоштедната пожртвуваност на двата пилота. Кими Раиконен, од 11-та стартна и проблемите со пневматикот веднаш по стартот, стигна до 4-та позиција, веднаш за двоецот на Мерцедес, Луис Хамилтон на 2-та и Нико Розберг на 3-та позиција.
 
Клучот на патеката беше дуелот на Фетел и Розберг во 21-от круг, но за конечниот исход максимално влијаеше и лошиот избор на пневматици од страна на Мерцедес за Хамилтон, особено во финишот мораше да се искористи тој еден единствен сет тврди гуми, што беа компетитивни, но со слаби перформанси викендов за германскиот тим.
 
Макс верстапен го сруши рекордот и со своите 17 години, стана најмладиот освојувач на бодови во Формула 1 и претходно првиот тинејџер во топ 6 стартните позиции, во последните 54 години историја на овој спорт. Меѓу Холанѓанецот и Раиконен, се пласираа двајцата возачи на Вилијамс, Ботас и Маса, а зад него беа Саинц, Квјат и Рикиардо.
 
 
Во поредокот кај возачите води Хамилтон, со 43, пред фетел со 40 бодови. Розберг има 33, Маса има 20. Кај конструкторите, на врвот е Мерцедес со 76, пред Ферари со 52. Вилијамс има 30.
 
Следните возбудувања во 66-та Ф1 сезона, се во Кина, на 12 април, во живо на МТВ.