Спасов: Се зголемува износот на субвенциите за енергенси за ранливите категории
31.03.2015 14:43
Согласно планот на Владата и дадените ветувања, овој надоместок од средината на годината се зголемува за дополнителни 100 денари...

Зголемување на износот за субвенционирање на потрошената електрична енергија и други енергенси за затоплување за примателите на социјална помош најави министерот Диме Спасов при денешната посета на Јегуновце.
Според Спасов, овој проект за подршка на семјствата што добиваат социјална помош започна во 2010 година како одговор од Владата на економските проблеми предизвикани од светската економска криза и европската должничка криза со што околу 10 илјади семјества почнале да добиваат по 600 денари за оваа намена додека од 2012 година ова сума била зголемена на 700 денари месечно за семејство. Согласно планот на Владата и дадените ветувања, додаде министерот Спасов, овој надоместок од средината на годината се зголемува за дополнителни 100 денари.
Се зголемува истиот надоместок на 800 денари почнувајќи од јули оваа година. За реализација на овој проект обезбедени се средства во износ од 81 милион денари што е значителна и дополнителна парична помош за примателите на социјална парична помош и дополнителн подршка од државата за надминување на предизвиците со кои што се соочуваат, изјави Спасов.
Министерот Спасов најави и продолжување на мерките за бесплатно бањско климатско лекување и бесплатни викенди за пензионерите што досега го искористиле околу 27.430 пензионери.
