Осуммина бугарски државјани се обвинети за поддршка на Исламската држава

31.03.2015 18:32

Апсењата се дел од поширока истрага што почна лани во џамија во Пазарџик чиј имам е обвинет за пропагирање радикална идеологија...

Против осуммина бугарски државјани  е покренато обвинение бидејќи пропагирале екстремистичка верска идеологија и потткинувале војна.

Шестмина се приведени во полициски акции  во Пазарџик, Пловдив и Асеновград, а за двајца се покренати обвиненија во отсуство и се издадени налози за апсење. Апсењата се дел од поширока истрага што почна лани во џамија во Пазарџик чиј имам е обвинет за пропагирање радикална идеологија.

Лани во ноември е уапсен имам и шест приврзаници коишто ја подржувале Исламската држава.