Почина турскиот обвинител ранет во заложничка криза во Истанбул
01.04.2015 08:57
Кираз беше нападнат во својата канцеларија на шестиот кат од судската зграда и земен како заложник, од двајца припадници на ултра левичарска Револуционерна партија - Фронт за народно ослободување...

Турскиот обвинител Мехмет Селим Кираз, почина во болница од тешките повреди, што ги имаше здобиено во текот на вчерашните пукотници во судската палата во Истанбул, соопштија турските власти.
Кираз беше нападнат во својата канцеларија на шестиот кат од судската зграда и земен како заложник, од двајца припадници на ултра левичарска Револуционерна партија - Фронт за народно ослободување. Тие испратија фотографија преку интеренет, на која беше прикажен обвинителот Кираз, со вперен пиштол во главата и се заканија дека ќе го убијат, доколку властите не ги исполнат нивните барања.
Заложничката драма заврши со интервенција на турските специјални сили, во која беа убиени двајцата напаѓачи киднапери, а тешко беше ранет обвинителот.
