Отворени денови на Агенцијата за храна и ветеринарство во Прилеп

01.04.2015 10:40

Тие ќе имаат можност да се запознаат со работата на Агенцијата, да дадат предлози, да се информираат за прашања кои се од нивни интерес, а се во доменот на работа на Агенцијата, и да побараат стручна помош...

Во рамки на отворените денови, Aгенцијата за храна и ветеринарство во Прилеп ќе организира средба со граѓани и претставници на компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор.

Тие ќе имаат можност да се запознаат со работата на Агенцијата, да дадат предлози, да се информираат за прашања кои се од нивни интерес, а се во доменот на работа на Агенцијата, и да побараат стручна помош.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповски ќе ја посети кланицата „Гудесмит“ во прилепското село Мажучиште, за да се запознае со состојбата со извозот на јагнешко месо на странските пазари.