Стартува проектот „Наш специјалист“

02.04.2015 14:56

Од 4-ти април, специјалисти од областа на неврологија и ортопедија од скопските клиники ќе извршуваат прегледи на пациентите во Берово, додека секоја сабота во Валандово пациентите е можат да се прегледуваат кај невролог во сопствениот град...

Од оваа сабота стартува проектот „Наш специјалист“, најави министерот за здравство, Никола Тодоров. Министерството со патен налог ќе упатува доктор специјалист од една во друга јавна здравствена установа до три дена односно најмногу до пет дена, во текот на месецот, со цел надминување на проблемите во здравствениот систем како резултат на недостиг на определени специјалисти во определени подрачја на државата.

Од 4-ти април, специјалисти од областа на неврологија и ортопедија од скопските клиники ќе извршуваат прегледи на пациентите во Берово, додека секоја сабота во Валандово пациентите е можат да се прегледуваат кај невролог во сопствениот град.

Со ова, како што потенцира министерот Тодоров, ќе се растоварат клиниките во Скопје и болниците во поголемите градови од наплив на пациенти од внатрешноста на земјава.