СОНК и Министерството за култура подготвуваат нов колективен договор
Дел од синдикалните барања се усогласени, а за дел се уште се разговара. Со новиот договор ќе бидат изедначени платите за исто работно место во различни институции...

СОНК и Министерството за култура работат на нов колективен договор за вработените во културата. Дел од синдикалните барања се усогласени, а за дел се уште се разговара. Со новиот договор ќе бидат изедначени платите за исто работно место во различни институции.
„Проблемите се лоцирани, но не е едноставна методологијата како тие да се решат. Се обидуваме да најдеме најбезболно решение за сите вработени-наши членови и никој да не биде оштетен“, истакна претседателот на СОНК, Јаким Неделков.
Министерката Елизабета Канческа-Милевска и претседателот на СОНК Јаким Неделков се надеваат на скорешна подготовка на документот, кој потоа ќе оди на јавна расправа која се очекува да заврши на крајот на мај.
