Битола ќе добие центар за едукација на децата со аутизам

02.04.2015 15:40

Битола меѓу првите градови ќе добие центар за едукација на деца со аутизам. Во акцијата за собирање средства се вклучија и ученици од основните училишта кои ги продаваа своите рачно изработени предмети...

Купи за да подариме радост. Космополитско мото под кое се здружија битолските основци на свој начин да помогнат восоздавањето на услови за подобра едукација на децтаа што боледуваат од аутизам.

„Без разлика на националност и вера, желбите на сите ни се исти- да помогнеме на нашите другарчиња што боледуваат од оваа болест затоа што болета секој може да го снајде“, вели основката Најле Екреми.

„Ова е честитка од макарони, ја изработив со посебна љубов“, вели основката Марија Трајковска.

„Интензивно работевме на последните два часа по ликовно“ вели нејзината другарка Анастасија Мирчевска.

Со оваа болест само во Битола се опфатени окулу 25 деца. Бројката постојано се зголемува, а со тоа и бројот на семејства кои се соочуваат со коренита промена на начинот на живот. Секој случај е со псебни карактеристики. Она што е заедничко е потребата од повисок степен на социјализација преку едукативниот процес.

„Засега тешко оди преку таканаречените дневни центри. Знаеме дека постојат инклзивни училишта меѓутоа е само на писмено, ретки се училиштата што имаат дефектолог кој постојано треба да биде присутен на час и на тоа дете да му  помага“, вели мајката Јасмина Стојановска.

Битола оди чекор напред наскоро ке профункционира едукативниот центар за децата со оваа болест.

„Правиме големи напори да создадеме подобри услови за нашите деца, а и за оние кои во иднина ќе боледуваат од оваа болест. Се надевам дека ќе ги донесеме до еден побезбеден стадиум за нив“, изјави претседателот на здружението, Владимир Стојановски.

Бројката од над двеста деца со синдромот на аутизам на државно ниво сама посебе кажува дека вакви центри ќе бидат потребни и во другите региони .

 

Стевче Митревски