Над 30 илјади повици досега на „Ало докторе“

06.04.2015 10:55

Линијата е отворена секој ден 24 часа, за да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето...

Од 15-ти септември лани, од кога почна да функционира бесплатната телефонска линија 15-123 се регистрирани 30 илјади и 660 повици. Во изминатата недела на „Ало докторе“, за медицински совет се јавиле илјада 64 лица.

Линијата е отворена секој ден 24 часа, за да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

За медицински совет се достапни 21 доктор.