Шара да се прогласи за национален парк

06.04.2015 11:01

Прогласување на Шар Планина за национален парк. Нејзина заштита и светска промоција. Ова е една од идеите која се реализира во рамки на проектот за закрепнување на балканскиот рис. Познавачите сметаат дека со ова ќе се раздвижи локалната економија...

Идејата за Шар Планина да биде национален парк е стара 15 години. Различни организации и институции повеќе пати побарале и работеле на нејзина конечна реализација.

Но, единствените природни убавини, ендемските растенија и животни со кои Шара е најбогатото подрачје во Европа и натаму остануваат незаштитени.

Од страната на Косово веќе е национален пар. На Албанка територија, пак, е заштитено подрачје. Доколку се прогласи национален парк и кај нас, ова ќе биде најголемиот во југоисточна Европа.

Како еден од проблемите често се наведува и противењето на жителите од шарските села. Експертите најавуваат дека корист од прогласувањето национален парк ќе има не само државата, туку и локалното население.

„Се ангажираме за подрачја во Македонија и Албанија. Ја одредивме Шар Планина, за која имаме бројни проекти од кои најголем бенефит ќе има локалното население. Веруваме во економската перспектива. Но тука има и дивеч кој веќе исчезнува на другите места и кој треба да се заштити“, изјави Тиз Герц – Претставник од „Еуронатур“.

Шар Планина е меѓу десетте подрачја на Балканот на чија заштита ќе се работи како трансграничен регион. Активностите се во рамки на проектот за закрепнување на балканскиот рис.

 

Зоран Јованоски