Заев на распит за „Пуч“

06.04.2015 11:04

На последниот распит, на Заев му биле предочени доказите, за кои тој се бранеше со молчење...

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој е четвртоосомничен во случајот „Пуч“, на уште еден распит во Јавното обвинителство. Покрај претседателот на СДСМ, во случајот се осомничени и поранешниот разузнавач Верушевски, неговата сопруга, како и еден вработен во Општина Струмица. На последниот распит, на Заев му биле предочени доказите, за кои тој се бранеше со молчење.

Претходно пак, падна и првата пресуда, во која поранешен вработен во МВР го призна делото, за што доби 3-годишна затворска казна. Градоначалникот на Струмица е осомничен и за примање поткуп од 200 илјади евра од струмички бизнисмен, за легализација на градежно земјиште.