Сообраќајот во северозападниот регион во зимски услови

06.04.2015 11:07

Сообраќајот на патниот правец Струга–граничен премин Ќафасан се одвива нормално, велат од Македонија пат, демантирајќи дека има забрана за движење за сите возила...

Изобилните снежни врнежи го отежнаа сообраќајот на планинските места во северозападниот регион. Сообраќајот на патниот правец Струга–граничен премин Ќафасан се одвива нормално, велат од Македонија пат, демантирајќи дека има забрана за движење за сите возила.

Патниот правец Маврови Анови-Дебар и обратно е оспособен за патнички возила, но се уште важи забраната за тешки моторни возила.

Забрана за камиони има и на планинските превои Стража и Пресека, и на делницата Тетово-Попова Шапка. За патничките возила се препорачува употреба на зимска опрема.

Според проценките на службите, снежната покривка на одредени места се движеше од 30 до 40 сантиметри. За да се избегнат евентуални заглавувања или поголеми проблеми во сообраќајот, ако се патува кон Охрид и Струга, од Авто-мото сојузот на Македонија препорачуваат движење на патниот правец Скопје-Велес-Прилеп-Битола, и обратно.