Облачно со повремени врнежи и во наредните два дена
Утринските температури ќе се спуштат до минус три степени, а дневната ќе се искачи максимум до седум степени, информираат од УХМР...

Времето во Македонија е облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и од снег. Дува умерен до засилен северозападен ветар. Поради заладувањето од север, во вечерните часови врнежите од дожд се очекува да преминат во снег и на пониските места во западните и северните делови.
Облачно и студено, со повремени врнежи претежно од снег ќе биде и во наредните два дена, кога утринските температури ќе се спуштат до минус три степени, а дневната ќе се искачи максимум до седум степени, информираат од УХМР.
Во четврток времето ќе биде сончево и потопло, со мала до умерена облачност, со утрински температури од минус пет до еден, и дневни од пет до 14 степени!
