Црна Река повторно се излеа
Засега е зафатена помала површина, но поплавниот бран до утре се предвидува да направи штети на голем дел од плодното поле кое пролетва не ќе може да се насее...

Црна Река по четврти пат ја поплавува Пелагонија. Во овој регион наврнаа 40 литри на квадратен метар и предизвикаа излевање на реката кај село Лознани, на истото место кое што беше најзагрозено и при неодамнешните поплави.
Засега е зафатена помала површина, но поплавниот бран до утре се предвидува да направи штети на голем дел од плодното поле кое пролетва не ќе може да се насее.
Земјоделците стравуваат и за есенските посеви, но најзагрижени се за домовите кои по толку поплавувања, тешко ќе можат да се санираат.
Единствена надеж им даде неодамнешното ветување на премиерот дека ќе бидат обештетени 100 насто.
