Едно лице загина, четворица повредени во сообраќајна несреќа во Штип

06.04.2015 11:29

Во судирот меѓу возило „БМВ“ управувано од 21-годишен турски државјанин со привремен престој во Македонија, и такси возило „Фолксваген венто“, загинал возачот на таксито...

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила изутрината во Штип, загина едно лице, а четири се повредени.

Во судирот меѓу возило „БМВ“ управувано од 21-годишен турски државјанин со привремен престој во Македонија, и такси возило „Фолксваген венто“, загинал возачот на таксито.

Со повреди се здобиле патниците кои биле во неговиот автомобил. Меѓу повредените е и бремена жена.