Хрватска блокирана поради невремето

06.04.2015 16:06

Поради снегот отежнат е сообраќајот во Горски Котар и во Лика, јавуваат хрватските медиуми...

Оркански ветар со голема брзина го блокира патниот и поморскиот сообраќај во Кварнер. Поради снегот отежнат е сообраќајот во Горски Котар и во Лика, јавуваат хрватските медиуми.

Поради бурата затворен е патниот сообраќај на автопатот меѓу Свети Рок и Поседарје. Затворен е и патот Масленица –Затон, Обровачки-Пашки мост. На мостот кој го спојува островот Крк со Риека е забранет сообраќај за автобуси, мотоцикли и возила со камп- приколки.

На Јадранската магистрала во Бакарскиот залив забрането е движење и на возилата за доставување. Снегот што пага во Лика дополнително го отежнува сообраќајот, а можни се и одрони. Поради лошото време во прекин се и траектните линии меѓу неколку острови со Риека, Сплит , Вела Лука и др.