Мериленд: Осум лица загинаа од труење со јаглерод моноксид

07.04.2015 09:32

Полицајците од местото Принсес Ен во Мериленд изјавија дека сите лица, кои се пронајдени мртви биле роднини, како и дека засега нема индиции дека станува збор за насилство...

Седум деца и едно возрасно лице се пронајдени мртви во една куќа во американската сојузна држава Мериленд, соопшти полицијата.

Полицајците од местото Принсес Ен во Мериленд изјавија дека сите лица, кои се пронајдени мртви биле роднини, како и дека засега нема индиции дека станува збор за насилство.

Локалните медиуми јавуваат дека станува збор за труење со јаглерод моноксид. Полицијата соопшти дека пронајдените деца биле на возраст од шест до 16 години.