Јемен на раб на хуманитарна катастрофа
07.04.2015 11:36
Меѓународната заедница и Црвениот крст и покрај напорите, не можат да достават помош која е и неопходна на најсиромашната земја на арапскиот полуостров...

Состојбата во Јемен е алармантна. Земјата е на раб на хуманитарна катастрофа, борбите меѓу Коалицијата предводена од Саудиска Арабија и Хутите секојдневно се се пожестоки, при што меѓу загинатите има голем број деца, а милиони луѓе се пред евакуација , соопшти УНИЦЕФ.
Меѓународната заедница и Црвениот крст и покрај напорите, не можат да достават помош која е и неопходна на најсиромашната земја на арапскиот полуостров.
