Грција бара 279 милијарди евра воени репарации од Германија

07.04.2015 12:03

Според заменик министерот за финансии на Грција, за време на војната Германија присилно позајмувала пари од Грчка банка, истовремено изнесувајќи ги украдените артефакти од Грција...

Германија и должи на Грција 279 милијарди евра за нацистичката окупација на Грција за време на Втората светска војна, изјави заменик министерот за финансии, Димитрис Мардас на седницата на парламентарната комисија.

Според него, за време на војната Германија присилно позајмувала пари од Грчка банка, истовремено изнесувајќи ги украдените артефакти од Грција.

Германија веќе неколку пати ги отфрли грчките барања за воени репарации наведувајќи дека за таа цел досега на Атина и биле исплатени 115 милиони марки во 1960 година.