По големото свлечиште, се нормализира сообраќајот на патот Прилеп- Мариово
07.04.2015 14:23
Професори од Градежниот факултет, заедно со екипи на „Македонија пат“ и на Агенцијата за државни патишта извршија увид на делницата...

По големото свлечиште кое го оштети коловозот, полека се нормализира сообраќајот на правецот Прилеп – Мариово. Патот е прооден за автомобили, но има ограничување за движење на тешки товарни возила.
Професори од Градежниот факултет, заедно со екипи на „Македонија пат“ и на Агенцијата за државни патишта извршија увид на делницата.
Во најскоро време ќе се изработи проект, по што ќе следува и санацијата на овој патен правец.
