Тодоров: Значителен напредок во здравствениот сектор
Според рангирањето кое го прави Европската унија на здравствените системи во Европа, Република Македонија постигна највисок скок досега од која било земја во историјата на рангирањето, изјави министерот Никола Тодоров...

Македонското здравствтво е високо на листата здравствени системи во Европа. На светскиот ден на здравјето ресорниот министер задоволен од постигнатото во измината година. Според него најголем напредок е последното рангирањето на европскиот здравствен потрошувачки индекс каде земјава се најде на 16-то место и направи скок од 11 места.
Според рангирањето кое го прави Европската унија на здравствените системи во Европа, Република Македонија постигна највисок скок досега од која било земја во историјата на рангирањето, изјави министерот Никола Тодоров.
Претседателот на Македонското лекарско друштво, Горан Димитров рече дека работите во одредени сектори во здравството се одвиваат многу добро и треба да се подобри регистарот за малигни заболувања, за хронични заболувања, за ретки болести итн.
