Попоски: Техничка група ќе ја разгледува економската оправданост на „Турски тек“

07.04.2015 16:08

Гасоводот е замена за „Јужен тек“, кој не успеа поради кризата во Украина, и е можност за енергетско снабдување на Југоисточна и Јужна Европа...

Во Будимпешта се одржа состанокот на министрите за надворешни работи на Македонија, Унгарија, Грција, Турција  и Србија за приклучувањето кон проектот „Турски тек“. Гасоводот е замена за „Јужен тек“, кој не успеа поради кризата во Украина, и е можност за енергетско снабдување на Југоисточна и Јужна Европа.

„Днешниот состанок во Будимпешта завршува со два клучни заклучоци - првиот е воспоставување на техничка група која ќе ја разгледа економската оправданост и можноста за изградба на гасовод, кој би носел гас од Турција, преку Грција, Македонја, Србија до Унгарија и централно- европските пазари. Вториот заклучок е поврзан со натамошен механизам за следење, дали доколку таа можност се појави би можеле да настапиме заеднички за мобилизирање на финансиски фондови. Тка клучна би била и улогата на Европската унија, која во овој домен би била и од помош, за што беше и значајно присуството и на претставници од Европската комисија на овој прв состанок“, изјави за МРТ, шефот на дипломатијата Никола Попоски.

Шефовите на дипломатиите во унгарскиот парламент се сретнаа и со премиерот Виктор Орбан.